97
По само четири кола во новата сезона Рома реши да му врачи отказ на Даниеле Де Роси и на негово место да го назначи Иван Јуриќ.
Луис Енрике една сезона беше тренер во Рома, тогаш уште како играч во клубот беше Даниеле Де Роси, па двајцата многу добро се познаваат.
По вчерашниот меч меѓу ПСЖ и Жирона, тренерот на францускиот тим, Луис Енрике го прокоментира отказот на Де Роси.
„Ги слушнав вестите. Животот на тренерот секогаш е тежок. Му праќам голема прегратка на Даниеле, тој е одлична личност и одличен тренер“, рече Луис Енрике.