111
Шампионатот на Република Ирска е пред самиот крај, а на три рунди до финишот ситуацијата на табелата е луда.
Имено, во само шест бода раздалеченост се наоѓа повеќе од половина лига. Причината за ваквата зближеност на екипите е формата на водечките две екипи Шелбурн и Дери Сити кои по пет меча немаат победа во првенството.
На лидерската позиција е Шелбурн со 54 бода, следат Дери Сити и Шамрок Роверс со по 52, по 50 имаат Сент Патрик и Галвеј, а Слиго Роверс е на 48. Седмопласираниот Ватерфорд има 44 бода и дури во минатото коло отпадна од трката за тронот.
За ситуацијата да биде уште поинтересна, лигата брои десет екипи…