Луд меч во Бундеслигата: Хофенхајм водеше 3-0, доби црвен картон и загуби! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Хофенхајм имаат за што да жалат, бидејќи по предност од 3-0 дозволија Вердер Бремен да дојде до пресврт и 3-4 на крајот на петтото коло во Бундеслигата.

Домашната екипа имаше совршен старт, бидејќи со два гола на Бултер и еден на Хложек поведе со 3-0. Тогаш следеше исклучувањето на Нсоки во 18. минута.

Вердер Бремен уште во првиот дел ја анулира негативата, еднаш погоди Малатини, а двапати Јанс Стаге. Норвежанецот беше стрелец и на трет погодок во домашната мрежа, во 49 минута за 3-4. Без поголеми потешкотии до крајот Вердер го одбрани стекнатото водство и победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани