303
Eкипата на Вест Хем го потврди ангажманот на Хулиен Лопетеги за главен тренер на тимот.
Екс-тренерот на Порто, Реал Мадрид, Севиља и Вулверхемптон официјално со работа во Вест Хем ќе започне на 1. јули. Во кариерата Лопетеги беше и селектор на Шпанија.
Големи успеси имаше Лопетеги со Севиља со која успеа да триумфира во Лигата На Европа.
„Мојата амбиција како тренер е секогаш да бидам подобар и да постигнувам уште поголеми успеси од претходно. Се радувам на почетокот со Вест Хем. Чувствувам дека имаме одличен тим, во проектот влегувам со големи амбиции“, изјави Лопетеги.