Линекер со критики за Англичаните: Ова беше ср*ње!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Англија одиграа нерешени 1-1 против Данска во второто коло на Европското првенство. Овој резултат дополнително ги погреа веќе загреаните критичари на работата на селекторот Герет Саутгејт.

Во низата на критичарите застана и англиската легенда Гери Линекер кој сериозно „удри“ по селекторот.

„Можете да помислите на секој можен збор и да барате оправдувања ако сакате, но ова беше ср*ње!

Дали сме тактички недораснати? Тешко е да се критикува Герет Саутгејт бидејќи во целост ја изгради англиската тврдина на многу начини. Ако некој каже дека играчите не се трудат 100%, тоа е бесмислено. Само малку се тактични загубени, а тоа мислам дека доаѓа од менаџирањето на селекторот. Навистина мора од Англија да направи да игра поблизу до противничкиот гол. Во овој момент англискиот состав не е целина“, изјави Линекер.

Англија речиси сигурно е осминафиналист, меѓутоа сите се загрижени за бледите партии кои „Трите лава“ ги пружаат на турнирот во Германија. Да потсетиме, Англичаните допатуваа на првенството како прв фаворит за тронот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани