Лил се засили со искусен белгиски репрезентативец кој делеше соблекувална со Барди

by 24 фудбал
1 минути читање

Француски Лил го засили тимот со искусен десен бек кој треба да внесе доста искуство.

Нов фудбалер на „догите“ е Томас Мение. 32-годишниот белгиски репрезентативец се враќа во елитниот фудбал, откако настапуваше за екипата на Трабзонспор каде што делеше соблекувална со македонскиот капитен Енис Барди.

Десниот бек потпиша двегодишна соработка со Лил, веќе пристигна во Франција и подготвен е да се стави на располагање на тренерот.

Освен за Трабзон, Мение настапуваше за Виртон, Бриж, ПСЖ и Борусија Дортмунд, а е стандарден репрезентативец на Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани