Ливерпул ја спасува ситуацијата на Димитриевски?

by Стефан
2 минути читање

Во текот на денешниот ден се појави информација дека Рајо Ваљекано размислува да го врати Столе Димитриевски (ТУКА), но такво нешто може да се случи само ако Грузиецот Мамардашвили остане во Валенсија.

Димитриевски пристигна како замена за грузискиот голман, меѓутоа ситуацијата со неговиот трансфер се искомплицира и се појавија реални можности тој да остане. Во таква ситуација македонскиот чувар веројатно би бил резервен голман, а тоа за него не е прифатливо. Токму поради тоа и Рајо се појави како опција.

Сепак, целата ситуација во која се најде Димитриевски може да ја спаси Ливерпул.

Според последните информации објавени од медиумите, Ливерпул сериозно ја разгледува можноста за ангажман на Грузиецот.

Валенсија сака да го продаде Мамардашвили за сума над 30 милиони евра и тоа наводно е прифатливо за „црвените“.

Доколку Ливерпул го купи Мамардашвили, планира веднаш да го прати на позајмица. Има неколку заинтересирани клуба кои сакаат да го позајмат, а еден од нив Борнмут кој веќе е информиран за таквата опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани