Ливерпул испрати понуда за Мамардашвили, на потег е Валенсија, Димитриевски чека разврска!

by riste
1 минути читање

Според шпанските медиуми, Ливерпул испратил понуда од 35 милиони евра до Валенсија за голманот Гиорги Мамардашвили.

Англискиот клуб сега чека одговор од Валенсија, а од оваа зделка зависи и иднината на македонскиот голман, Столе Димитриевски.

Доколку Мамардашвили замине од клубот, Димитриевски ќе биде прв голман на Валенсија, во спротивно ќе седи на клупата или ќе замине во друг клуб уште ова лето.

Планот на Ливерпул е да го купи Мамардашвили и веднаш да го прати на позајмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани