Ливерпул го почести Алонсо со четири „парчиња“ за неговото враќање на Енфилд

by riste
1 минути читање

Чаби Алонсо вчера имаше емотивен меч, играше на Енфилд против Ливерпул каде помина убави години од кариерата и каде ја доживеа најголемата промоција како фудбалер.

Алонсо беше одлично пречекан од навивачите на Ливерпул, доби овации, се скандираше и неговото име, но црвените на теренот беа немилосрдни.

Ливерпул го доби мечот со 4-0, тоа беше тешка вечер за Алонсо и Леверкузен.

„Навистина сум среќен и благодарен за приемот“, вели Чаби Алонсо.

„Што се однесува до натпреварот, поразот е тежок, полош е резултатот отколку играта“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани