Ливерпул и Валенсија се близу до договор за откуп на голманот Гиорги Мамардашвили.
Грузиецот за сума од 30 милиони евра ќе стане член на Ливерпул, меѓутоа ќе се пресели на „Енфилд“ следното лето (2025 година). „Црвените“ имаа идеја да го доведат Мамардашвили ова лето, а потоа следната сезона да ја мине на позајмица во Борнмут.
Сепак, самиот Мамардашвили и Валенсија побараа позајмицата да биде на „Местаља“. Така Грузиецот ќе остане уште една сезона во Валенсија и следното лето ќе оди во Ливерпул да го замени Алисон Бекер.
Ова не се добри вести за македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Нашиот голман се пресели во Валенсија бидејќи беше најавено заминувањето на Мамардашвили, кој сега одлучи да го „блокира“.