6
Новиот тренер на Лече, Марко Џампаоло стартуваше со победа, неговиот тим славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Венеција.
Венеција беше подобар тим во второто полувреме, имаше доволно шанси да води и со повеќе разлика, но не успеа да даде гол.
Казната стигна во 70. минута кога Доргу постигна гол за водство на Лече од 1-0, што беше и конечен резултат.
Ова беше прв гол на Лече оваа сезона на гостински терен, погодок кој вредеше цели три бода.
Претходно Емполи и Удинезе одиграа реми, 1-1.