Легендата „удри“ по играчите: Јунајтед покажа одвратно издание, без труд и квалитет

by 24 фудбал
1 минути читање

Гери Невил не штедеше зборови при анализата на поразот на Манчестер Јунајтед против Тотнем (0-3).

Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ зборуваше критично кон фудбалерите и играта, а нагласи дека ова е најлошата партија под водство на Ерик тен Хаг. Според него судиите не одиграле клучна улога, бидејќи Јунајтед и до црвениот картон бил нерамноправен.

Притисокот оваа седмица ќе се зголеми, тоа ќе биде баш брутално. Тен Хаг ќе има лоши денови, навистина лоши. Ова е едно од најлошите изданија под негово водство, а тоа нешто зборува. Работите се навистина лоши. Тотенхем одигра брилијантно, тоа мора да се каже. Навивачите на Јунајтед ги свиркаат судиите, но тие не беа ниту половина од приказната. Големата приказна е тоа прво полувреме, не дојде од никаде, но Јунајтед избра да го прикаже најлошото од себе. Беше одвратно издание во смисла на труд и квалитет. На таа група е да одговори на многу прашања следната седмица“, изјави Невил.

Манчестер Јунајтед котира лошо во Премиер лигата и моментално е на 12 место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани