Легендата го предложи Погба на Арсенал: „Тој сака одмазда, да се докаже на светот“

by 24 фудбал
1 минути читање

Пол Погба се наоѓа во незавидна позиција бидејќи многу веројатно ќе остане без клуб по целиот допинг скандал. Суспензијата му беше значително скратена, но Јувентус не планира да му даде втора шанса.

Поради тоа Французинот веројатно ќе мора да си побара нова средина по најавеното раскинување на договорот. За ситуацијата на Погба зборуваше француската легенда Емануел Петит. Тој смета дека одлично решение за фудбалерот би бил Арсенал.

Погба ќе стане слободен агент на 32 години и не паметам кога последен пат го видов да се насмевне. Сака одмазда, сака пак да се докаже на целиот свет. Знаеме колку е среќен во нормални околности, мислам дека Артета и Арсенал можат да му го понудат тоа“, изјави Петит.

Суспензијата за Пол Погба е и натаму валидна, но ќе истече на почетокот на следната година. Тогаш се очекува тој да добие отказ од Јувентус, па ќе бара нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани