223
Некогашниот капитен на репрезентацијата на Јапонија, Казујоши Миура нема да стави крај на кариерата иако има 57 години.
Во овој момент тој го носи дресот на Јокохама од каде што како позајмен фудбалер од јануари настапуваше во португалскиот тим Оливеиренсе. По истекот на таа позајмица тој ќе се врати во неговата татковина, но ќе оди на нова позајмица.
Следната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Сузука кој е тим од четвртата јапонска лига. Како што стојат работите големи се шансите да го видиме на терен и иднниот февруари кога ќе наполни 58 години.