Баер Леверкузен и Аталанта ќе играат во финалето од Лига Европа, германскиот тим беше блиску до првиот пораз кој немаше да им ја смени судбината, но ќе им ја заврши перфектната серија, сепак повторно дадоа гол во последните моменти и се спасија.
Леверкузен имаше предност од 2-0 по мечот на Олимпико, па Рома денеска беше во тешка мисија да победи со тој резултат во Германија.
Но, со два гола од пенал на Паредес, Рома дојде до водство од 2-0 и ја анулираше негативата од првиот меч. Сепак во 82. минута несреќниот Манчини си постигна автогол и намали на 2-1.
Течеше 97. минута, последната од продолжението кога Станишиќ даде гол за израмнување на 2-2, што беше и конечниот резултат.
Леверкузен во финалето ќе игра против Аталанта која со убедливи 3-0 беше подобра од Марсеј.
Лукман, Руџери и Туре беа стрелци на головите за италијанскиот тим.