Фудбалерите на Лајпциг доживеаа неочекуван пораз со пресврт на гости кај Хофенхајм во раамките од 11. коло во Бундеслигата.
Се до 82. минута Лајпциг водеше со 2:3, а но Хофенхајм со два брзи гола на Хрожек и Ларсен во самиот финиш направи целосен пресврт.
GOOOLL JACOB LARSEN!! HOFFENHEIM 4-3 RB LEIPZIG
— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) November 23, 2024
GILAAA!! 7 GOL JUGA!!!pic.twitter.com/NEIyRqXxJk
Ќе потсетиме, македонскиот фудбалер Елиф Елмас не беше во комбинација за настап поради повредата со која се здоби во настапот против Летонија и ќе биде надвор од терените до крајот на годината.
Шампионот Баер Леверкузен не дозволи никакво изненадување и славеше убедлива победа над Хајденхајм со 5:2, но треба да се знае дека гостите имаа водство од 0:2, па Леверкузен направи пресврт.
Сигурна беше и Борусија која запиша триумф од 4:0 над Фрајбург. Штутгарт со 2:0 беше подобар од Унион Берлин, додека минимален триумф оствари Волфсбург над Унион Берлин.