303
Вечерва екипата на Лајпциг ќе игра против Хофенхајм во германската Бундеслига, а во овој натпревар нема да може да настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Елмас од доаѓањето во Лајпциг добива мала минутажа, а причината за неготово отсуство е болест, па така воопшто нема да биде на располагање на тренерот Марко Розе.
Од доаѓањето во Лајпциг каде што пристигна со цел да има поголема минутажа, Елмас само еднаш беше стартер и тоа во натпреварот против Дармштад. На останатите средби македонскиот репрезентативец влегуваше од клупата или воопшто не добиваше шанса.
Ќе потсетиме, Лајпциг веќе го обезбеди своето место во Лигата на шампионите наредната сезона.