268
Првиот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез и во наредните пет години ќе го носи сино-црниот дрес на италијанскиот шампион.
Лаутаро Мартинез и Интер постигнаа вербален договор за продолжување на соработката.
Договорот ќе биде официјално потпишан кога Лаутаро ќе се врати од Јужна Америка каде ќе игра на Копа Америка со Аргентина.
Договорот е со траење до јуни 2029, годишната плата ќе му биде 9 милиони евра плус бонуси.