Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта во клпупскиот подкаст откри дека клубот одбил огромна понуда за Ламин Јамал.
Според зборовите на Барселоан клуб на кој не му го открива името понудил 250 милиони евра за услугите на тинејџерската ѕвезда, но тоа не било доволно.
„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламин Јамал и ја одбивме“ изјави Лапорта
Лапорта не откри, но Фабрицио Романо открива дека во прашање бил Пари Сен Жермен.
Во продолжение Лапорта прашува и колкава би била сега вредноста на јамал кога е еден од најпопуларните играчи во светот и актуелен освојувач на Европското првенство со Шпанија.
„Колкава би требало да биде сега вредноста на Јамал кој го освои Европското првенство и стана голема ѕвезда“, додава Лапорта.
Со само 17 години Јамал е стандарден првотимец во Барселона и еден од најважните фудбалери на овој клуб.