Претседателот на Барселона сака ова лето да ги доведе Нико Вилијамс и Дани Олмо наводно за спортскиот директор Деко веќе се спремни 118 милиони евра.
За Вилијамс од поодамна е познато дека е во преговори со Барселона и со денови се појавуваат различни информации, како и дека каталонскиот гигант бара начин да ја плати клазулата од 58 милиони евра.
Покрај тоа Дани Олмо сака да се врати „дома“. Олмо во минатото беше дел од академијата на Барселона и смета дека сега е вистинско време за враќање.
Меѓутоа проблем е што неговата клазула од 60 милиони евра истекува за два дена (20-ти јули), а Барселона не може да ја активира до викендот.
Одредени медиуми пренесуваат дека Лајпциг би прифатил слична понуда и по истекот, иако не би имале обврска. Пред се поради добриот однос кој го имаат со Олмо, па не би сакале да му прават проблем во остварувањето на неговата желба.
Нема дилеми дека ако Барселона успее да ги доведе Олмо и Вилијамс, тоа би бил супер тандем, а ќе потсетиме каталонците веќе ги имаат: Јамал, Педри, Гави…во овој момент најважните фудбалери на шпанската репрезентација.