165
Иако е во најубавите фудбалски години, Бергвејн одлучи да ја напушти Европа и да потпише за Ал Итихад во Саудиска Арабија.
Тоа не му се допадна на селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман кој вели дека Бергвејн веќе нема да настапува за Холандија.
„Стивен Бергвејн оди во Саудиска Арабија на 26 години. Јасно е дека тука нема ништо со спортска амбиција. Вратата од холандскиот национален тим за него е затворена. Тој веројатно знаел каков ќе биде мојот став“, вели Куман.