90
Eкипата на Тотнем по поразот од Брајтон во минатото коло викендов се врати на победничките патеки откако го совлада Вест Хем дома со убедливи 4:1.
По само 18 минути Вест Хем стигна до предност со голот на Кудус, но потоа во вториот дел во период од осум минути домашните фудбалери постигнаа три гола за убедлива победа.
Во финишот од натпреварот видовме и тензија во која најмногу се истакна токму стрелецот Кудус. Напаѓачот на „чеканите“ ги загуби нервите и заслужено беше предвреме испратен во соблекувалната.