372
Во саботата Тони Крос го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу, имаше многу емоции, особено кај неговото семејство.
Најмногу солзи имаше на лицето на неговата ќеркичка, Крос вели дека бил изненаден бидејќи таа била најсреќна кога кажал дека ќе се пензионира.
„Бев изненаден кога ја видов ќерка ми како плаче во саботата бидејќи таа беше најсреќна кога им кажав дека ќе се пензионирам“, вели Крос.
„Со мојот син беше војна по дома, бидејќи тој не сакаше да го напуштам фудбалот“.