Репрезентацијата домаќин на Европското првенство, Германија, ја очекува дуел со Шкотска на отворањето на турнирот во Минхен. Во пресрет на првиот натпревар, високите амбиции на домашната селекција не ги криеше ветеранот Тони Крос.
„Секако дека сум гладен. И натаму имам желба за успех. Сакам да го освоиме ова Европско првенство. Ако не фантазирав за тоа, немаше да бидам тука. Исто така се работи и за тоа дека секогаш сакам да победувам во натпреварувањата кои ги играм. Секако овој крај би бил уште поубав ако по ЛШ го освојам и ЕП“, изјави Германецот.
Покрај амбициите, искусниот играч за врска кој заминува во пензија го анализираше и првиот ривал.
„Размислувавме за Шкотска, нè очекува тежок противник. Можат да бидат доста непријатни. Зборував со соиграчите во Мадрид за Шкотланѓаните, бидејќи ги имаа како ривал во квалификациите и загубија од нив. Можат да бидат физички доста силни, се бранат цврсто и добри се во контра напади. На тоа најмногу ме предупредуваа“, заврши Крос.
Ова Европско првенство ќе значи простување на Крос од фудбалот. Тоа е мотив повеќе за Германците кои со помош на публиката го сонуваат пехарот.