Попладнево голем дел од шпанските медиуми пренесуваат дека Лука Модриќ и дефинитивно заминува од Реал Мадрид на крајот од сезоната.
Модриќ имал желба да продолжи, меѓутоа во Реал сепак сметале дека крајот на оваа сезона е вистински момент за разделба со хрватскиот играч за врска.
Хрватскиот „маестро“ испишуваше златни страници во историјата на Реал Мадрид откако пристигна од Тотнем за 40 милиони евра во 2012 година. За првпат оваа сезона Модриќ кај Анчелоти имаше улога на резерва, предност добиваа: Крос, Чуамени, Камвинга и Валверде.
Модриќ добиваше шанса од клупата, меѓутоа скоро секогаш кога и да беше на теренот ја покажуваше класата, како што беше случај и во полуфиналето против Баерн Минхен.
Претседателот Флорентино Перез смета дкеа сега е моментот кога „кралевите“ треба да се насочат кон помлади фудбалери. Модриќ од друга страна ќе има прилика да се прости со освоен трофеј во Лигата на шампионите, Ла Лига веќе ја освоија сезонава.
Токму финалето на „Вембли“ во кое на 1. јуни ќе играат против Борусија Дортмунд може да биде негов последен натпревар во белиот дрес.