120
Бразилскиот напаѓач Нејмар по пауза од една година се врати на тренинзите во саудискиот Ал-Хилал.
Нејмар на 17 октомври во квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за СП 2026 се здоби со тешка повреда поради која одигра само пет натпревари во дресот на Ал-Хилал.
„Среќен сум што се вратив“, објави Нејмар на својот Инстаграм објавувајќи и фотографија оод тренингот.
Ал-Хилал не го пријави Нејмар за саудиското првенство пред почетокот на сезоната, но Бразилецот е на списокот за азиското првенство. Иако е скапо платен, отсуството на Нејмар и не се почувствува премногу на теренот бидејќи Ал Хилал минатата сезона ја освои титулата во првенството и стигна до 34 победи во низа во сите натпреварувања.