Комо потпиша со фудбалер на Манчестер Сити

by riste
1 минути читање

Комо промовираше уште едно засилување, се работи за Максимо Пероне кој пристигнува од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.

21-годишниот Пероне во Манчестер Сити замина во јануари 2023 година, потпишувајќи пет ипол годишен договор со англискиот шампион. За сити дебитираше брзо откако потпиша, играше на меч против Борнмут кој неговиот тим го доби со 4-1.

Минатата сезона ја мина на позајмица во Лас Палмас, а сега стави потпис на договор со Комо до крајот на сезоната со опција за продолжување.

„Комо со задоволство може да соопшти дека Максимо Пероне доаѓа во клубот на позајмица од Манчестер Сити“, се вели во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани