134
Хрватскиот фудбалер Ален Халиловиќ се обидува да ја оживее фудбалската кариера во Холандија и има добар период во редовите на Фортуна Ситард.
Во пресрет на убедливиот пораз од Ајакс (5-0) на „Јохан Кројф Арената“ се случи интересна и комична сцена.
„Малиот“ Халиловиќ е висок само 169 сентиметри, а во стандардното излегување на терен со млади дечиња тој имаше „среќа“. Момчето кое излезе на теренот заедно со Халиловиќ беше практично иста висина како него.
Дури и самиот Халиловиќ го забележа тоа, се насмевна и некому му покажа нешто во стил, види колку е висок.