164
Eкипата на Вардар денеска претрпе уште еден убедлив пораз во домашното првенство откако тимот на Воска Спорт на Арената „Тодор Проески“ славеше победа од 1:3
За Вардар во четири кола ова беше веќе трет натпревар во кој прима три гола, а таквата ситуација донесе голем револт кај вардаровите навивачи.
Се скандираше против актуелната управа која најави подобри денови и во текот на натпреварот, но сега пристигна и јасна порака преку социјалните мрежи.
На профилот на „Комити“ на социјалните мрежи беше објавена кратка порака која многу кажува за ситуацијата во која се навивачите.
„Не сте свесни, колку сме бесни“, стои во објавата.