517
Навивачката група „Комити“ традиционално низ годините, секој преод од Велика Сабота кон Велигден прават спектакл во населбата Драчево. Со помош на општината најголемата навивачка сила во земјава одново приреди ноќ за паметење.
Во чест на најголемиот христијански празник Велигден, навивачите на Вардар и локалните жители на Драчево прават вистински спектакл.
Слично како и во претходните години, точно на полноќ се „запали“ небото над Драчево, а во близина на новиот голем крст во оваа населба.