Колумбија ја победи Аргентина, пораз на Бразил од Парагвај (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Лош ден во квалификациите за Светското првенство за гигантите од Јужна Америка, Аргентина и Бразил, светскиот шампион со 2-1 беше поразен од Колумбија, а Бразил со 1-0 загуби кај Парагвај.

Колумбија поведе со гол на Москера во 25. минута од натпреварот, тоа беше резултатот по првите 45 минути игра.

По само три минути во второто полувреме Аргентина успеа да изедначи на 1-1 со погодок на Гонзалез.

Но ваквиот резултат траеше само 12 минути, тогаш Хамес Родригез од пенал го врати водството на Колумбија и ги постави конечните 2-1.

Судбина како Аргентина доживеа и Бразил. Парагвај ги победи Бразилците со убав гол од далечина на Гомез во 20. минута.

Боливија со 2-1 славеше на гостувањето кај Чиле, Еквадор со 1-0 го победи Перу, немаше голови на мечот меѓу Венецуела и Уругвај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани