415
За Јирген Клоп денеска беше посебен ден, полн со емоции, тој за последен пат го водеше Ливерпул, по мечот се збогува со навивачите, но го најави и неговиот наследник.
По последниот судиски свиреж, Клоп почна да се поздравува со најблиските, почна и збогувањето со навивачите кое долго траеше.
Во еден момент, тој на микрофот со навивачка песна го најави Арне Слот како негов наследник.
Клоп нема веднаш да се врати на работа, рече дека ќе земе пауза од една година, а потоа повторно ќе биде тренер, но никогаш повеќе во Англија, од почит за Ливерпул.