Клоп веќе ја „пикирал“ првата голема работа на новата позиција – мета е фудбалер на Реал Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Германецот Јирген Клоп со почетокот на 2025 година ќе има нова улога и ќе ја извршува функцијата „шеф на фудбалските операции“ на „Ред Бул“.

Компанијата „Ред Бул“ поседува неколку клубови, но секако најголем проект е германски Лајпциг каде што настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Иако Клоп се уште не започнал со работа, медиумите пренесуваат дека веќе ја планира првата поголема операција.

Наводно Германецот го „пикирал“ Арда Ѓулер и ќе се обиде да го доведе во Лајпциг. Турскиот репрезентативец не добива голема минутажа во Мадрид, меѓутоа во него Клоп гледа идеална опција за добра заработка во иднина.

Ѓулер без дилеми е некој кој поседува потенцијал, меѓутоа засега не е познато дали Реал е спремен да се откаже од неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани