Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави фотографии на кои покажа каква повреда заработил на главата и предизвика мала загриженост кај неговите фанови.
На фотографиите може да се види дека Швеѓанецот има раскрварена глава, а во коментарите на оваа објава се огласи ветеранот Енди Керол кој се уште е активен на фудбалските терени.
„Порасни, Ибра. Полоши повреди од ова добив од својата жена“, му коментираше Керол.
Двајцата фудбалери во кариерата се сретнаа двапати, но немале некој посебен конфликт кој би сугерирал дека помеѓу нив постои зла крв, па веројатно станувало збор за шега на Керол.
Инаку, Керол во овој момент го носи дресот на францускиот гигант Бордо кој поради финансиката криза беше исфрлен во пониските рангови на францускиот фудбал.