Кепа не оди во Саудиска Арабија, спремен е да го чека расплетот во Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Чуварот на мрежата на Челси, Кепа Аризабалага како што стојат работите нема да се пресели во Саудиска Арабија.

На шпанскиот голман следната година му завршува договорот со лондонскиот клуб и поради тоа Челси сака да го продаде во овој преоден рок. Минатата сезона Кепа ја помина на позајмица во Реал Мадрид каде што дојде како замена за повредениот Куртоа, но набрзо го загуби местото од Лунин.

Украинскиот голман се согласи на повеќегодишен договор со „кралевите“, но тој не беше потпишан откако му беше кажано дека прв голман во клубот ќе биде Тибо Куртоа, па постои опција Реал да се обиде да се договори со Кепа ако Лунин замине.

Според најавите Кепа нема ништо против да се пресели во Мадрид, додека смета дека се уште е рано да ја напушти Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани