Фудбалската легенда на Бразил, поранешниот бек Кафу зборуваше за интересна тема. Тој се осврна на Премиер лигата, сериозно ги искритикува британските и нивните медиуми кои често ги „пумпаат“ своите фудбалери, тимови, репрезентации, а резултатите често изостануваат.
Според Кафу, колку повеќе фудбалери од неговиот Бразил се селат во Премиер лигата, толку се помали шансите за неговата репрезентација да стане светски првак.
„Мислам дека колку повеќе Бразилци ќе се селат во Премиер лигата, толку се помали шансите за Бразил да го освои Светското првенство. Замисли да ти го перат мозокот секоја седмица, да ти велат дека си најдобар на светот, а ти всушност си далеку од најдобрите.
Повеќе ми се допаѓа Ла Лига, каде што имаат силен менталитет да доаѓаат до финалиња и да победуваат во нив. Во Шпанија не излегуваат пред камерите и да лажат за своите играчи само за да ги промовираат во светот. Тие зборуваат само за фудбалот, не кажуваат митови“, прокоментира Кафу.
Критиките на Кафу не се директни до фудбалерите, туку до англиската „машинерија“, јавноста, медиумите и новинарите.