Капитенот на Јунајтед: Аморим го врати Спортинг на врвот, се надевам ќе го направи тоа и со нас!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бруно Фернандеш е веројатно меѓу најсреќните за договорот на Манчестер Јунајтед со Рубен Аморим. Капитенот на „црвените ѓаволи“ потекнува од Спортинг и токму од таму прејде на „Олд Трафорд“, па важи за голем поддржувач на португалскиот клуб.

Португалецот не го криеше задоволството по потписот на Аморим. Тој нагласи дека направил нешто посебно во Спортинг и се надева истото ќе го пренесе и во Јунајтед.

Ова е вистински момент за Аморим да дојде, да ја внесе својата енергија и квалитети, своето знаење за фудбалот. Направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав речиси сите натпревари кога можев, Аморим е некој кој го врати возбудувањето во клубот, им донесе многу добри работи и се надевам ќе може истото да го направи тука. Спортинг освојуваше титули по 20 години.

Сигурен сум дека идејата која ја има ќе донесе успех, независно од начинот на игра. За мене е важна врската која ја има со играчите. Видовме како се простија од него, начинот на кој се однесува зборува за тоа колку имаат почитување кон него. Тој доаѓаше на конференции и ги бранеше играчите по лошите резултати“, изјави Фернандеш.

Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед ќе дебитира на 24. ноември во 12. коло на Премиер лигата против Ипсвич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани