401
За неколку дена Рубен Аморим ќе пристигне во Манчестер јунајтед и ќе почне со работа, а него добро го познава неговиот сонародник, капитенот Бруно Фернандеш.
Фернандеш во Манчестер јунајтед пристигна од Спортинг Лисабон, но таму не се сретна со Аморим. Сепак тој ги гледа сите натпревари на зелено-белите бидејќи е нивни фан.
„Ги гледам сите натпревари на Спортинг, тие се мојот тим таму, па знам како играат“, вели Бруно Фернандеш.
„Но, никогаш не знаете што ќе направи тренерот, бидејќи ние имаме поразлични играчи“.