Капело ги критикуваше Италијанците: Почнавме да го копираме Гвардиола

by Стефан
1 минути читање

Италијанецот Фабио Капело го критикуваше фудбалот во Серија по поразите на Јувентус и Болоња од Штутгарт (0:1) и Астон Вила (2:0) во третото коло од Лигата на шампионите.

Од останатите италијански претставници оваа недела. Интер го победи Јанг Бојс со 0:1, Милан беше подобар од Клуб Бриж (3:1), додека Аталанта ремизираше со Селтик (0:0).

Капело во интервју за „Газета дело Спорт“ истакна дека според него италијанските клубови доминирале во Европа потпирajќи се на тактички фудбал со многу пресинг, но потоа тренерите почнале да го копираат Гвардиола.

„Почнавме да копираме, но задоцнивме десет години и ова се резултатите. Побавни сме од останатите и често сме стерилни во поседот. Топката бавно се движи, не сме доволно конкретни. Манчестер Сити на Пеп Гвардиола ја држи топката, но на противничката половина, не пред својот гол како што е случај со тимовите од Серија А.

Проблем е интезитетот. Нашите клубови се пребавни во Лигата на шампионите бидејќи се навикнати на темпото во Серија А. Погледнете го Зиркзе не може да се снајде во Манчестер Јунајтед и не е истиот играч како во Болоња минатата сезона. Во Италија правеше што сака, меѓутоа во Англија изгледа дека нема време ниту да размислува“, изјави Капело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани