Калафиори се врати во Лондон по бизарната повреда на мечот со Франција (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Иако првите информации беа дека повредата не е сериозна, сепак Калафиори го напушти кампот на италијанската репрезентација и се врати во Лондон.

Дефанзивецот ќе го пропушти натпреварот од второто коло во Лигата на нации меѓу Италија и Израел.

Усман Дембеле на необичен начин го повреди Калафиори по еден старт кој Бастони го направи врз него.

Во Лондон треба да му бидат направени дополнителни тестови на Калафиори по што ќе се знае дали ќе пропушти некој натпревар на Арсенал или ќе му биде на располагање на Артета веќе за наредното коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани