367
Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја, за првпат го освоија Купот на Македонија, а на радоста во Кавадарци ѝ немаше крај.
Во Скопје на мечот допатуваа илијадници навивачи на Тиквеш, но главната прослава се случуваше во Кавадарци кога фудбалерите се вратија по историскиот успех.
Плоштадот беше полн, се славеше до доцна во ноќта, Кавадарци гореше за своите херои. Заслужуено.