Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ се повреди во настапот за српската репрезентација и го чека пауза од околу две недели. Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека тој можеби нема да заигра повторно за Јувентус.
Наводно, Влаховиќ одбил продолжување на соработката со „старата дама“ со условите кои му биле понудени, а актуелниот му истекува во 2026 година. Во таква ситуација ако Јувентус сака да заработи ќе треба да го продаде во летото кое следи.
Но, медиумите пренесуваат дека во Торино со цел да го принудат да потпише нов договор се подготвени да го остават на клупата за резерви, па дури и на трибини.Ваквото сценарио звучи изненадувачки, посебно ако се знае дека Јувентус во тимот поради повредата на Милик и нема друг класичен напаѓач на располагање.
Сепак, се пишува и дека на раководството и тренерот Мота не им се допаднале и критиките кои ги имал Влаховиќ за својот стратег за кого зборуваше дека му давал премногу дефанзивни задачи.
Се шпекулира дека интерес за Влаховиќ покажал Арсенал кој наводно би можел да понуди и 70 милиони евра.