Италија се провлече и го формира првиот пар во осминафиналето на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Европскиот првак Италија се провлече и со гол во 98 минута дојде до реми против Хрватска (1-1), во одлучувачкиот натпревар во групата Б на Европското првенство.

„Коцкестите“ беа пред победа, меѓутоа вторпат испуштија предност во судиското продолжение и тоа за нив значеше губење на второто место во групата. Зад Шпанците се пласира Италија која со шест бода е сигурен патник во првата нокаут рунда.

Токму Италијанците први го дознаа својот противник, бидејќи е јасно дека во осминафиналето ќе вкрстат со Швајцарија.

Натпреварот на „Аѕурите“ со Швајцарците се игра во сабота во 18:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани