329
Белгискиот напаѓач Мичу Батчуаији од денеска и официјално е нов фудбалер на турскиот гигант Галатасарај, а со овој трансфер предизвика и бурни реакции.
Имено, тој стана првиот играч кој заиграл за Фенербахче, Бешикиташ и Галатасарај.
Дел од Фенербахче беше од 2022 година и одигра 46 натпревари и постигна 24 гола, а сега се огласи да ја продолжи кариерата во Галатасарај. Претходно во кариерата го носеше дресот и на Бешикташ.
Батчуаији во Галатасарај ќе добие 1.5 милион евра за сезоната, еден милион евра за следната и уште 500.000 евра за следната сезона.