172
Фудбалската репрезентација на Грција доби нов селектор, а тоа е искусниот српски стручњак Иван Јовановиќ.
Се работи за тренер кој со години работи во фудбалот во Грција и на Кипар, па одлично ги познава можностите во овој дел од Европа. Пред некое време беше најавено, а сега е потврдено дека Јовановиќ е новиот грчки селектор.
Иван Јовановиќ потпиша договор на две години. Тој ќе биде човекот што ќе ја води Грција во обидот да дојде до место на Светското првенство во 2026 година, односно во Лигата на нациите која стартува оваа есен.
Грците одамна чекаат пласман на едно големо натпреварување, последен пат играа пред точно една деценија на Мундијалот во Бразил.