78
Интер беше убедлив на гостувањето кај Емполи и победи со 0-3 во рамките на десеттата рунда на Серија А.
Натпреварот на „Карло Кастелани“ понуди помирно прво полувреме без голови, за потоа гостинот да дојде до очекуваниот резултат.
Сè тргна со поништениот гол на Дармиан за Интер. Потоа Емполи остана со десет играчи бидејќи црвен картон заработи грузискиот фудбалер Саба Гогличидзе. Домашните парираа до полувремето и со човек помалку.
Сепак, во продолжението капитулираа пред првакот. Два гола во мрежата на домашните постигна Давиде Фратези, а еднаш погоди и Лаутаро Мартинез за 0-3.
Венеција со голем пресврт се врати од 0-2 и го совлада Удинезе на свој терен со 3-2.