Иниеста се подготвува да започне нова кариера

by Стефан
1 минути читање

Само неколку недели откако ја заврши играката кариера, Андрес Иниеста започна да се подготвува за нова.

Иниеста се повлече од фудбалот во Обединетите Арапски Емирати, а таму сега започна да посетува и курс за тренерска лиценца.

По завршениот курс Иниеста ќе се стекне со лиценца со која ќе може да работи како тренер било каде во светот.

Како фудбалер, Иниеста цели 16 години беше дел од Барселона, а потоа помина пет сезони во Висел Кобе и една во ОАЕ каде што се пензионираше. За Шпанија настапи на 121 натпревар и постигна 13 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани