89
Екипата на Интер во дербито на колото славеше кај Рома на „Олимпико“ со 0-1 во Серија А.
Човек на одлука на овој натпревар беше Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот напаѓач го даде единствениот гол на средбата, а пред медиумите тој доби огромни пофалби од тренерот Симоне Инзаги.
„Првото полувреме беше изедначено, а во второто имавме две-три шанси порано да го решиме мечот. Меѓутоа, тешко е да се игра на „Олимпико“ и задоволен сум. Лаутаро Мартинез мора да продолжи со ваквите игри за клуб и за репрезентација ако сака да ја освои Златната топка. Мислам дека тој е еден од петте најдобри играчи на светот“, изјави Инзаги.
„Нераѕурите“ се второпласирани во калчото со 17 бода, зад водечкиот Наполи.