Поранешниот хрватски фудбалер Јошко Јеличиќ кој сега работи како стручен коментатор на националниот сервис во својата земја имаше интересна изјава за фудбалер на Хајдук.
Тој прво го аналзиира тимот од Сплит со Џенаро Гатузо на кормилото и кажа:
„Гатузо ќе донесе ред во соблекувалната кој на Хајдук му е навистина потребен. Сигурно нема да дозволи на последното седиште од автобусот да се случуваат глупости. Многу е важно Гатузо да добие време за својот процес. Доби само два играчи, Бамба и Ракитиќ во однос на минатата сезона. Треба да се биде разумен и да му се даде време“, започна Јеличиќ.
Потоа следеше интересниот коментар, а поврзан со фудбалерот на клубот Фахди Муфи. Коментарот на Јеличиќ беше насочен кон снимка во која Муфи се обиде да изнуди пенал во време на ВАР.
„Муфи? Тој има фудбалска интелигенција во висина на зимските температури. Ова што го направи, во просек се обидува да го направи седум пати по натпревар. Само паѓа, што да кажам…“.
Хајдук во новата сезона влезе со победа, a сега му следи европски предизвик во Конференциската лига.