Илијадници Делии се подготвуваа за пат во Милано, но добија забрана од италијанската полиција!

by riste
2 минути читање

Италијанската полиција и властите на Милано забранија навивачи на Црвена звезда да присуствуваат на мечевите од Лигата на шампионите против Интер на 1 октомври и против Милан на 11 декември.

Ваквата одлука Италијанците ја донесоа по проценка дека доаѓање на голем број на навивачи на Звезда во Италија ќе значи голем безбедносен ризик поради жестоките тепачки кои ги имаа Делиите минатата година со навивачите на Рома.

Тогаш Делиите кај Олимпико претепаа навивачи на Рома и земаа транспаренти на една од ударните групи, Федајн. Потоа транспарентите ги запалија на натпревар во Белград со порака за Бед Блу Бојс. Бидејќи навивачите на Динамо Загреб (БББ) се во добри односи со фановите на Рома. Потоа навивачите на Рома им се одмаздија на делиите по кошаркарскиот меч на Звезда во Болоња.

За мечот против Интер се подготвувале да одат околу четири илјади навивачи на Звезда од Србија и од странство, а многу од нив веќе купиле билети.

Црвена звезда се огласи и им порача да не одат на мечевите во Милано.

„Црвена звезда апелира на сите навивачи да не патуваат на истакнатите натпревари бидејќи нема да биде дозволен влез како и собирање. Одлуката важи за навивачите кои живеат во Србија, но и во сите останати европски земји. Италијанската полиција забрани продажба на карти за било која трибина. За купување на влезница неопходен е пасош, а потоа името и презимето на картата и пасошот мора да бидат идентични при влезот на стадионот. Црвена звезда напоменува дека на оваа одлука клубот не можеше да влијае, па уште еднаш апелира звездашите да ја испочитуваат“, стои во соопштението на Црвена звезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани